Тачи: Албанскиот премиер има право да зборува за Косово, ама само од свое име

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека не знае за постоење на билатерална спогодба меѓу Србија и Албанија за изградба на автопат меѓу Драч и Ниш, пренесе Танјуг.

Тачи изјави дека „медиумските бранувања“ околу приватните средби на албанскиот премиер Еди Рама со српските лидери немаат никакво значење.

Во интервју за албанската телевизија „Клан“, Тачи кажа дека Рама има право да зборува за Косово, но само од свое име.

– Одлуката за Косово ја носат нашите институции, рече Тачи, додавајќи дека Албанија и Косово не се конкуренти.

На прашање за билатерална спогодба меѓу Албанија и Србија за изградба на автопат Драч-Ниш, без согласност на Косово (преку кое автопатот треба да минува), Тачи изјави дека не знае за таква спогодба.

Аналитичарот Хаки Абази посочи дека поврзувањето на регионот преку патна инфраструктура е позитивен факт и тоа што Косово не е консултирано не претставува проблем.

– Мислам дека овие спогодби веќе се разгледани во берлинскиот процес, изјави Абази.

Аналитичарот Имер Мушколај, меѓутоа, смета дека проектите не можат да бидат реализирани ако Косово се заобиколува.

Би можело да ве интересира

Тачи нема да гласа за новите министри

Горан Наумовски

Внуката на Тачи e пронајдена мртва

Горан Наумовски

Бубевски: Умислата е причина за Тачи да биде построго казнет, за Мијалков е побудата поради која го сторил делото

Кристијан Ландов

Хоти ја потврди средбата со српската страна во Вашингтон, Тачи не кажа дали ќе учествува

Жарко Настоски

Кремљ: Русија ја следи состојбата со косовските политичари обвинети во Хаг

Жарко Настоски

Харадинај: Веруваме дека Тачи, Весели и сите припадници на ОВК се невини

Жарко Настоски