Свобода ја оценува како катастрофа евентуалната нератификацијата на договорот за влез на Хрватска во ЕУ

Од:

Доколку Словенија не го ратификува пристапниот договор со Европската унија тоа би претставувало катастрофа не само за Хрватска, туку негативно би влијаело и врз угледот на Словенија, оцени поранешниот известувач за Хрватска во Европскиот парламент Ханес Свобода.

Австрискиот социјалдемократ се надева дека прашањето за Љубљанска банка, кое е словенечкиот услов за ратификација на договорот, мошне брзо ќе биде решено, бидејќи станува збор за итен случај.

Свобода, кој во ЕП ја предводи политичката група на европските социјалисти и демократи во решавањето на проблемот ја очекува и помошта на словенечкиот претседател Борут Пахор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски