Светските финансиски лидери бараат Грција да постигне договор со кредиторите

Од:

Светските финансиски лидери ја повикаа Грција да постигне договор со меѓународните кредитори и да избегне банкрот, кој би ја потресол глобалната економија која се уште се опоравува од неодамнешната рецесија.

Повикот е упатен синоќа од Вашингтон, по завршувањето на пролетните сесии на Меѓународниот минетарен фонд и Светската банка, пренесува БТА.

– Евентуалното банкротирање на Грција, освен што ќе предизвика проблеми за неа, ќе наштети и на светската економија, предупреди американскиот министер за финансии Џејкоб Лу.

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги ја повика Атина да вложи повеќе напори, и тоа итно. Одговорот на кризата е во рацете на грчката Влада, потенцира Драги.

Истовремено, тој увери дека еврозоната е подобро екипирана во однос на 2010-2012 во случај ситуацијата да се влоши.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески