Суша и рестрикции на вода на Јадранот и во Славонија

Од:

Поради големата суша во Хрватска се почести се недостигот и рестрикциите на вода, како во внатрешноста, така и на Јадранскиот брег и островите, и тоа во екот на туристичката сезона.

Најкритично е на островите околу Задар.

Од јануари не паднале ниту сто литри дожд на метар квадратен, така што островите живеат само од доставената вода. Без вода останаа во текот на туристичката сезона, бидејќи државата не го решила долгот кон концесионерот „Зрмаја“, кој поради тоа престанал да работи. На островот Олиб туристи речиси и да нема, бидејќи никој не сака да плаќа да летува без вода, јавуваат хрватските медиуми.

Поради недостигот на вода, во Истарската жупанија во сила е прв степен на редукција односно забрана на перење возила и полевање дворови.

Состојбата е полоша во внатрешноста бидејќи во Вуковарско-сремската и Осјечко барањската жупанија поради сушата прогласија елементарна непогода.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари