(ВИДЕО) Судири на Косово: Околу 150 Срби спречени да го прослават празникот

Од:

Припадници на Специјалната полиција го одблокираа патот по кој раселените Срби се имаа упатено на литургија до местото Мушутиште кај Сува Река да го прослават празникот на Голема Богородица. Неколку стототини Албанци од изутрина се судрија со полицијата која употреби пендреци и солзавец. Повеќе луѓе се повредени, од кои и неколку полицајци, а приведени се околу дваесетина демонстранти.

Околу 150 Срби со три автобуси беа сопрени на три километри од разурнатата црква Богородица Одигитрија и четири часа чекаа дозвола за продолжување кон селото со оглед дека добија гаранции од полицијата за одржување на литургија.

Откако полицијата не успеа да го деблокира патот, Србите сами се вратија со автобусите и и се откажаа од прославата на празникот кај темелите на разурнатата црква.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски