Судири меѓу полицијата и демонстрантите во турскиот округ Измир

Од:

Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да растера околу 20 илјади демонстранти во Измир, кои учествуваат во протестите против трагедијата во рудникот во градот Сома, во округот Маниса.

На демонстрациите во Измир присуствуваа работници, членови на синдикати и претставници на различни граѓански здруженија, кои се отповикаа на повикот на синдикатите за еднодневен штрајк во знак на протест поради смртта на 282-та рудари.

Како одговор на интервенцијата на полицијата демонстрантите кон полицајците фрлаа со камења.

„Владата да поднесе оставка“ и „Ќе биде побарана одговорност за Сома“ извикуваа учесниците во демонстрациите, пред нивниот протестен марш да биде попречен од полицијата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски