Странците од 1 јули ќе може да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања

Од:

Странците од 1 јули следната година ќе можат да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања. Досега тоа беше можно само доколку странците имаа фирма во земјата, пренесува хрватски Пословни дневник.

– Досега странците можеа да купат земјиште само доколку отвораа фирма во Хрватска, а од 1 јули следната година ќе можат да купуваат без ограничувања, изјави експертот за недвижности Санин Растовац за телевизијата Ен-1.

Тој додаде дека сè ќе биде полесно откако Хрватска од следната година ќе влезе во Шенген.

Хрватска сè уште е најевтина во Европската Унија во однос на цената на земјиштето, со околу 3.400 евра по хектар обработливо земјиште. Додека, на пример, во Словенија цената е во просек 20.000 евра по хектар. Најскапа е Холандија со 70.000 евра, забележува Пословни дневник.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски