ФОТО: Стотици Грци се грабаа за бесплатен зеленчук

Од:

Неколку стотици Грци се грабаа денеска во Атина за бесплатен зеленчук кој го делеа земјоделците, при што еден човек беше прегазен и повреден.

-

Земјоделците за помалку од два часа поделија 50 тони производи пред зградата на Министерството за земјоделство, во знак на протест поради високите трошоци на производството.

На снимките прикажани на грчката телевизија, снимени се луѓе кои се грабаат за вреќи со домати и праз, кои беа фрлани од камион.

-

– Овие слики ме разлутија. Лут сум поради гордите луѓе кои немаат за храна, кои не можат да си дозволат греење, кои се сиромашни – рече Костас Баркас, пратеник на левичарската партија Сириза.

Пратениците од другите политички партии, исто така, оценија дека фотографиите покажуваат луѓе на работ на очајот и оставаат горчлив вкус, поради гордите луѓе кои завршиле на ваков начин.

Животниот стандард на граѓаните во Грција опадна, додека земјата се соочува со рецесија шеста година, што доведе до рекордна невработеност.

People reach out to take fruits and vegetables distributed for free by farmers during a protest against high production costs outside the Agriculture Ministry in Athens

Делењето бесплатна храна во Атина започна мирно и стотици луѓе уредно стоеја во ред. Тензиите настанаа кога масите со храна се испразнија, а неколку десетици луѓе, од кои некои носеа мали деца, потрчаа до блискиот камион за да земат она што останало. Во хаосот е повреден еден човек кој бил прегазен кога паднал, а фоторепортер на Ројтерс бил погоден во главата со карфиол.

People line up for fruits and vegetables freely distributed by farmers during a protest against high production costs outside the Agriculture Ministry in Athens

Грците се жалат дека намалените плати и зголемените даноци, животот го направија неподнослив и дека се принудени да дојдат и да земат бесплатна храна.

-

– Не ни сонував дека би можела овде да дојдам – рече 65-годишната Панајота Петропулос која вели дека нејзината месечна пензија е 530 евра, а дека 300 евра одвојува за изнајмување на стан.

– Не можам да си дозволам ништо, дури ни на овошниот пазар. Сè е скапо, цените на се се зголемија, а приходите се намалени, а работа нема – рече таа.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески