Станишев: Можна е замрзнување на прговорите за членство на Турција во ЕУ

Од:

Сакаме јасно да им порачаме на турските власти дека и покрај заедничкие интереси во економијата и надминувањто на мигрантската криза, нема да ја преминеме црвената линија на погазувањето на демократијата и човековите права и не е исклучено да иницираме замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, изјави денеска во Едрене поранешниот бугарски премиер и актуелен лидер на Партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев.

Говорејќи пред затворот во Едрене, каде заедно со група членови на Партијата на европските социјалисти пристигна за да изрази солидарност и политичка поддршка на уапсениот лидер на курдската Демократска партија на народите (ХДП), Сељахатин Демирташ, Станишев изјави дека ЕУ е пријател на Турција и дека сака земјата да биде мирна, демократска и стабилна.

– Но, сепак ние сме длабоко загрижени дека обидот за преврат, властите го користат како повод за затворање на медиуми и неистомисленици. Уште оваа недела ќе иницираме сериозни дебати во Европскиот парламент околу политичкото замрзнување на преговорите за членство на Турција, порача Станишев.

Како што јави БТА за попладнево е предвидено Станишев да има средби со претседателот на Фондацијата „Џумхуриет“, Орхан Еринџ и со главниот уредник на истоимениот опозициски весник Ердем Ѓул, како и со претставници на турската опозициска Републиканска народна партија.

Ова не е прва посета на Станишев на Турција, чија цел е заштита на слободата на медимите и демократијата. Во јануари годинава тој го посети Истанбул, каде оддржа собир пред затворот Силиври, каде што во тоа време се наоѓаа Ѓул и тогашниот главен уредник на „Џумуриет“, Џан Ѓундер.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени