Срушена е куќата на масовниот убиец Вук Бориловиќ од Црна Гора

Од:

Вчера во цетинската населба Медовина по наредба на надлежен инспекциски надзор е срушена куќата на Вук Бориловиќ, масовен убиец од Црна Гора. Уривањето започна околу 18:30 часот иако беше најавено за пладне.

Според образложението до кое имала пристап РТВ Цетиње, куќата е урната врз основа на инспекциско решение на Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот, бидејќи објектот на спорната катастарска парцела нема одобрение за градба.

Барањето за уривање го поднел Милош Мартиновиќ, човек чија сопруга и синови биле убиени од Бориловиќ за време на невидениот масакр. Куќата е урната со согласност на членовите на семејството на Бориловиќ. Инаку, по масакрот во неколку наврати избувнаа пожари во куќата.

На 12 август 2022 година, 34-годишниот Бориловиќ попладнето во Медовина уби десет и рани шест лица, меѓу кои и еден полицаец кој беше застрелан во главата. Загинал во размена на оган со полицијата.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора