Српско-унгарски полициски патроли на границата меѓу Србија и Македонија

Од:

На границата меѓу Србија и Македонија од денеска почнаа заеднички полициски патроли на припадниците за полициите на Србија и Унгарија, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Како што јави Танјуг, при посета на базата на Нуркачката единица на жандармеријата во Белград, Стефановиќ истакна дека десет унгарски полицајци учествуваат во четири патроли опремени со термовизиски камери, кои патролираат на македонско-српската граница со цел да спречат илегални преминувања на имигранти.

– Работиме на намалување на нелегални преминувања и наскоро ќе почнеме соработка и со германската и австриската полиција, рече Стефановиќ, прецизирајќи дека во Србија во наредниот период ќе пристигнат 20 германски и 10 австриски полицајци опремени со термовизиска опрема.

Тој додаде дека за проблемот со илегалните имигранти српските власти разговорале и со бугарската полиција.

– Ќе имеме серија на состаноци да договориме заедничка патрола за поефикасна заштита на границата, но и осигурување на основните човечки права на имиграните, порача српскиот министер.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада