Српските специјалци ќе поминат низ суровата обука на моќната руска Спецназ единица

Од:

Србија ќе добие единица подготвена да одговори на најсложените борбени задачи во екстремно тешки и сложени услови бидејќи Српските специјалци добиваат обука од најопремената единица во светот – Спецназ, која е дел од Руската дирекција за воено разузнавање (ГРУ), пренесоа српските и руските медиуми.

Русите, српските специјалци ќе ги обучуваат во Арктички услови на -60 степени, да се движат тивко како јапонски нинџи, да користат секакви хемиски, огнени и ладни оружја, па дури и ашови и чадори.

Руските специјалци се подложени на брутална обука, што ги прави меѓу најдобрите психофизички обучени единици во светот, дури и неспоредливи со британската САС или со американските морнарички Фоки.

Претседателите на Србија, Александар Вучиќ и Русија, Владимир Путин, разговараа во Сочи за соработката на руската Спецназ ГРУ со српските специјални единици. Ова според познавачите би било голема чест за Србија и преседан, бидејќи многу странски служби барале инструкторите на Спецназ да ги обучуваат, но тоа никогаш не се случи.

Тестовите за издржливост и вежбите за прием и служба се груби бидејќи бараат да се достигнат крајните граници на човечката издржливост, објаснува членот на Светската асоцијација на шефови на полицијата, Марко Никовиќ.

Тие ракуваат со огнено оружје, руско, германско, американско, како и хемиско и ладно оружје, од ножеви, чадори до канцелариски спојувалки. Тие знаат како да напаѓаат витални точки на човековото тело.

Пристап од зад грб

Тие управуваат со возови, бродови, авиони. Од 2009 година, тренираат во услови на Арктикот, каде температурата се спушта на – 60 степени. Научени се на тивки, „мачешки прошетки“ што ги презедоа од јапонските нинџи – при вежбање не смеат да ја раскинат влажната хартија поставена на плочките – вели Никовиќ, додавајќи дека во 2018 година, како претседател на Светската конфедерација на каратисти, присуствувал на тренинг сесија во кампот Спецназ ГРУ.

Удираа еден специјалец сите триесетмина, што ја покажува издржливоста на нивните припадници. Специјализирани се за влез зад непријателската линија. Приоѓаат од зад грб. Нивната фанатична лојалност и посветеност да ја заштитат Русија е феномен. Како такви Русите од Србите би направиле Спартанци на 21 век, квалификувајќи ја воено-полициската каста во Србија.

Воениот аналитичар Владе Радуловиќ вели дека српските специјалци би станале една од најпочитуваните единици не само во Европа, туку и пошироко доколку ја поминат обуката на руските колеги, за кои се вели дека се „луѓе без лица и имиња

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов