Српскиот патријарх Порфириј не го потпишува Темелниот договор со црногорската Влада – очекува таа да „падне“

Од:

Српскиот патријарх Порфириј, според црногорските медиумите, најверојатно нема да го потпише Темелниот договор меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква, бидејќи верува дека владата многу брзо ќе „падне“.

Како што пишува црногорскиот весник „Вијести“, што се повикува на „Нова С“, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ на средбата со патријархот на СПЦ рекол дека е подготвен да го потпише Темелниот договор и дека тој мора да биде целосно усогласен за интересите на двете страни.

Според овој медиум, Порфириј возвратил дека СПЦ не сака да потпише договор со актуелната влада на Црна Гора, „бидејќи верува дека таа ќе падне и дека евентуалното склучување на Темелниот договор може да биде оспорено и да нема легитимитет“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски