Иако околу коронавирусот и натаму има многу непознаници, примерите од клиничката пракса можат да укажат на одредени трендови, а штетноста на Ковид-19 за различни органи е сè повеќе документирана.
Професорката на Медицинскиот факултет во Нови Сад, д-р Едита Стокиќ, вели дека коронавирусот често предизвикува тешки оштетувања на бубрезите, кои предизвикуваат смртен исход. Ова, според неа, веќе е евидентирано во светски научни студии.
„Според податоците по лечењето во Кина, каде оваа состојба се среќава кај 0.5 до 29 проценти од пациентите, како и од американска студија, оваа бројка може да оди до 37 проценти. Доколку пациентот стигне до интензивна нега, акутното откажување на бубрежната функција може да се јави во повеќе од 70 проценти од случаите. Сакам да кажам дека лечењето на Ковид-19 е компликувано, бара мултидисциплинарен тим од лекари, и дека многу ковид-пациенти стигаат и до дијализа,“ вели д-р Стокиќ.
И д-р Родољуб Марковиќ, шеф на одделението за хемодијализа во Клиничко-болничкиот центар Земун, вели дека сите состојби кои се поврзани со тешки воспаленија и кои личат на сепса, речиси секогаш доведуваат до попуштање на повеќе органи, меѓу нив и на бубрезите. Според него, пациентите со акутна бубрежна инсуфициенција спаѓаат во најтешката група болни и нивната смртност е највисока.
„Две третини од тие пациент, за жал, умираат. Не можете однапред да знаете која е третината од пациентите која ќе преживее. Од нив, на голем дел бубрезите никогаш не им закрепнуваат, па остануваат врзани за машина за дијализа до крајот на животот. Еден дел од пациентите, релативно мал, продолжуваат со животот, но со некој степене на хронично оштетување и тие спаѓаат во групата пациенти кои во следните пет години се под поголем ризик од смртен исход,“ вели д-р Марковиќ.