Српската жандармерија навлегува на територијата на Косово, тврди косовски градоначалник

Од:

Градоначачникот на Косовска Каменица, Шаип Сурдули тврди дека припадници на српската жандармерија навлегуваат на територијата на Косово и „продолжуваат да провоцираат и да предизвикуваат несигурност меѓу граѓаните“ на неговата општина.

Во изјава за „Коха диторе“, како што пренесе Танјуг, Сурдули вели дека е вознемирен од тоа што КФОР и централните власти во Приштина на реагираат на ваквата појава.

Весникот наведува дека во косовската Влада добиле информација оти за ова прашање „ќе разговараат во Брисел“, додека КФОР навел дека во тој дел на општина Каменица нивни војници патролираат заедно со припадниците на српските сили.

Весникот наведува дека фотографија што ја снимиле граѓани на населбите Карачево и Рогачица, ги негира ваквите тврдења на КФОР, бидејќи на неа се гледаат само припадници на српската Жандармеријата.

Жители на селата изјавиле дека минатата недела биле интензивирани патролите на српската жандармерија, чии припадници „нвлегуваат на територијата на Косово, во близина на селата Карачево и Рогачица“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски