Српската Влада одлучи да го зголеми бројот на лаборатории за тестирање на коронавирус

Од:

Српската Влада на денешната седница донесе одлука да ги утврди сите лаборатории кои се квалификувани за спроведување на тестови за коронавирус, односно вклучување на ветеринарните институти во лабораториско тестирање, соопшти од Владата.

Во владиното соопштение се наведува дека, „заради потребата да се обезбеди здравствениот систем пред претсојниот есенски период, со цел дополнителна заштита на населението од заразната болест ковид-19, Владата одлучи да го зголеми бројот на лаборатории во кои ќе биде овозможено тестирање.“

Се работи за лаборатории на здравствените установи и сите микробиолошки лаборатории во јавна сопственост, кои вршат активности од областа на здравјето на животните, безбедност на храната, контрола на квалитетот и безбедноста на млекото и тестирањето на забранети, недозволени, штетни и непожелни материи во храната и во добиточната храна, здравјето на растенијата, семето и садниот материјал и банките за растителни гени, се вели во владиното соопштение за медиумите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски