Средба на Вучиќ со Ескобар и со Лајчак

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, со кои разговараа за следните чекори во Дијалогот на Белград и Приштина, додека на трилатералната средба тројцата претставници разговараа на клучните теми важни за одржлива иднина и стабилноста на регионот, како и за економскиот напредок на Србија и на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од прес-службата на српскиот претседател, Вучиќ изјави дека Србија, како сериозен и доверлив партнер во сите валидни и потпишани договори, се однесува одговорно и ги исполнува своите обврски, а во исто време наидува на континуирани обиди на властите во Приштина да го избегнат исполнувањето на своите обврски преку еднострани провокации и нереални очекувања од посредниците во дијалогот, што во голема мера го попречува понатамошниот тек на разговорот.

– Американскиот пратеник Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак ја истакнаа својата поддршка за продолжување на конструктивниот дијалог меѓу Белград и Приштина, како и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, нагласувајќи дека од клучно значење е двете страни да ги исполнат сите обврски од Дијалог, се наведува во соопштението.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Лајчак истакна дека ЕУ и САД тесно соработуваат и споделуваат иста визија за процесот на дијалог и иднината на целиот регион во ЕУ, додавајќи дека нивните напори се насочени кон постигнување сеопфатен договор и имплементација на сите претходно потпишани договори.

Вучиќ уште еднаш им се заблагодари на двајцата претставници за нивната посветеност и изрази уверување дека само со одговорни напори на двете страни во дијалогот може да се постигне компромисно решение и заеднички јазик во интерес на Србите и Албанците, но и европската иднина на Србија и целиот регион, сопшти прес-службата на српскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

Габријел Ескобар: Српската заедница на Косово страда, итно се потребни решенија