Србите од северот на Косово, сакаат да се сретнат со Вучиќ

Од:

Претставници на Србите од Косово во четврток, во Белград ќе се сретнат со претседателот на Србија Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и првиот потпретседател на владата Александар Вучиќ и ќе разговараат за договорот од Брисел, кој го парафираа Белград и Приштина во посредство на ЕУ.

Заменик директорот за Косово и Метохија, Крстимир Пантиќ ја потврди таа информација.

Србите од север на Косово утре по состанокот со државниот врв на Србија, сакаат сами да разговараат со првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ, пренесе „Блиц“.

Како што изјави еден од претставниците на Србите, тие имаат доверба само во Вучиќ поради се што се сличи во изминативе денови.

Од кабинетот на потпретседателот на владата се уште нема информации дали ќе се одржи овој состанок.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот