Србите од Северно Косово утре ќе формираат привремен парламент

Од:

Србите од Северно Косово утре во Општина Звечан ќе одржат основачко собрание за привремен парламент.

Градоначалникот на Општина Зубин Поток, Стеван Божовиќ изјави дека на дневен ред на седницата ќе има неколкуточки, меѓукои и потврдување на мандатот на пратениците од привремениот парламент, положување заклетва, избор на претседател и четворица заменици-претседатели и усвојување на декларација за формирање на парламентот.

Парламентот ќе биде формиран врз основа на декларацијата на Соборот на српскиот народ, изгласана на 22 април во Косовска Митровица и врз основа на одлуката на општинските раководства на четирите српски општини во Северно Косово.

Премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи постигнаа договор меѓу Белград и Приштина, според кој се предвидува извесна автономија на Србите во замена за проширување на власта на приштинските институции на цела територија на Косово.

Србите од Северно Косово не се согласуваат со договорот и одбиваат да ги признаат косовските институции.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ