Србите од северно Косово најавија дека нема да учествуваат на локалните избори во ноември

Од:

Србите од северно Косово нема да учествуваат на локалните избори што на 3 ноември ќе ги организират властите во Приштина, соопшти денеска претседателот на општина Звечан, Драгиша Миловиќ.

Тој истакна дека Србите „сакаат да останат во својата држава“ и затоа неодамна формираа свој привремен парламент на Косово.

– Не го направивме тоа од инает, туку за да останеме во рамки на Уставот и на државата Србија, подвлече Миловиќ, додавајчи дека Белград и меѓународната заедница можат и треба да предложат подобри решенија за сите граѓани на Косово.

Миловиќ изјави дека приштинските власти селективно ја применуваат бриселската Спогодба за нормализирање на односите со Белград и ја користат како „шведска маса“, односно од неа го земаат само тоа што им се допаѓа.

Српскиот офицер за врска со Приштина, Дејан Павичевиќ, денеска изрази стравување дека доколку Србите во северно Косово не учествуваат на изборите, во опасност ќе ги доведат не само бриселскиот Договор, туку и европскиот пат на Србија и положбата на косовските Срби.

– Со своето учество на изборите Србите можат да си обезбедат подобра положба и подостоинствен живот, а и меѓународната заедница нема повеќе на нив да гледа како на „паралелни структури“, туку како на легитимни претставници на народот, оцени Павичевиќ во изјава за Танјуг.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски