Србија прва во Европа според пренатрупаноста на затворите

Од:

Во европските затвори во 2012 година имало околу 1,7 милиони осудени лица, а Србија е земјата со најголема преоптовареност на затворските капацитети, се наведува во годишниот извештај за состојбата во затворите на членките на Советот на Европа, што денеска беше објавен во Стразбур.

Имајќи предвид дека европскиот просек е 150 затвореници на 100.000 жители, односно 145 затвореници на 100 места во затвор, Србија се најде на врвот според пренатрупаноста на затворите со просечно 160 затвореници на 100 расположливи затворски места. Следат Италија со 145 затвореници на 100 места, и Кипар со 140 на 100 места.

Заради тоа во извештајот се наведува дека Србија, Италија, Кипар, Унгарија и Белгија и натаму се држави каде ситуацијата е најакутна.

Во извештајот се предупредува и на зголемената стапка на самоубиства во европските затвори.

– Советот на Европа на владите им препорачува повеќе да ги користат алтернативните казнени мерки, како што се условното служење казна, општествено користна работа, лекување, куќен притвор или електронски надзор врз осуденикот, се наведува во посмената изјава на генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, во врска со извештајот.

Најчеста причина за отслужување на казните во европските затвори се пресудите за кражби и за трговија со наркотици (по 17 отсто) и за убиство (13 отсто).

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски