Србија прва во Европа ќе го набави лекот портив Ковид-19 молнупиравир

Од:

Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурувањена Србија (РФЗО), Сања Радојевиќ Шкодриќ денеска изјави дека 50.000 лекови против Ковид-19 Молнупиравир, на компанијата МСД, ќе пристигнат во Србија во јануари и дека цената на новиот лек Сотровимаб, што почна да се применува во Србија пред неколку дена изнесува 4.000 долари.

Како што изјави Шкодриќ, Србија е прва во Европа што потпишала договор за купување на лекот Молнупиравир и додаде дека се очекува тој да биде регистриран во декември од Американската агенција за лекови, по што се очекува одобрување во Европа и Србија.

– Лекот е во форма на таблета и ќе се примени за сите пациенти кои се позитивни (на коронавирус), во првите пет дена од позитивноста и навистина се намалува, покажаа резултатите од клиничките студии, најмалку за 50 отсто хоспитализација. Завршени се сите клинички студии за овој лек, што е неопходно пред регистрацијата, а резултатите се одлични, истакна Радојевиќ Шкодриќ.

Таа посочи и дека цената на новиот лек кој започна да се користи во Србија пред неколку дена, Сотровимаб, изнесува 4.000 долари.

– Цената на лековите што се користат во третманот на Ковид-19 се движи од неколку стотици до неколку илјади долари. Сотровимаб чини околу 4.000 долари. Тоа е лек од групата неутрализирачки антитела, кој се дава амбулантски во првите седум до десет дена од болеста, само еднаш, како инфузија. Овој лек е препорачан од Светската здравствена организација и е во американскиот протокол за лекување. Според податоците, лекот има ефикасност од 50 до 70 отсто во спречување на хоспитализација. Наменет е за лица постари од 65 години со хронични заболувања, кои се заразиле и се под висок ризик да развијат тешка клиничка слика. Тоа е еден од најефикасните лекови, наведе проф. д-р Радојевиќ Шкодриќ.

Таа посочи дека во Србија веќе долго време се достапни Регенерон и Бамланивимаб, од иста група лекови, но дека не разбира зошто голем број луѓе чекаат да се разболат кога има ефикасни вакцини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски