Србија прогласи хрватски дипломат за персона нон грата

Од:

На 20 ноември 2023 година, Министерството за надворешни работи на Република Србија донесе одлука да го прогласи Хрвоје Шнајдер, прв секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, за персона нон грата!

-За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер грубо излезе од опсегот на дипломатските норми и ја прекрши гореспоменатата Конвенција. По тој повод, дипломатска нота му беше врачена на амбасадорот на Република Хрватска, Хидајет Бишчевиќ, соопшти српското МНР.

Министерството за надворешни работи на Република Србија изразува жалење за однесувањето на споменатиот дипломат во изминатиот период, „кое не придонесува за подобрување на билатералните односи меѓу Република Србија и Република Хрватска, добрососедската соработка и севкупното подигнување на нивото на мир и стабилност во регионот“.

Министерството за надворешни работи на Република Србија изразува очекување дека Република Србија и Република Хрватска ќе работат заедно на градење меѓусебна доверба, со цел постигнување на заедничка европска иднина.

Би можело да ве интересира

Почина Будимир Лончар

Горан Наумовски

Aндрија Мандиќ, Милан Кнежевиќ и Алекса Бечиќ се прогласени за непожелни во Хрватска

Горан Наумовски

Американски дипломат е пронајден мртов во Израел

Трагедија во Германија: На новогодишната ноќ 18-годишен Хрват загина од експлозија на петарда

А1он

Неколку министри го бојкотираа Лавров: „Вие сте виновни, го убивте ОБСЕ“ , рече рускиот дипломат и го напушти состанокот

A1on

Бујар Османи доби златен телефон со дијаманти при посетата на Јордан: од МНР три дена молк

A1on