Србија потпиша нов договор со Фајзер/Бионтек за 2.390.000 дози вакцини

Од:

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар потврди дека денеска е потпишана промена на договорот, односно нов договор со американско-германската компанија Фајзер/Бионтек, според кој на Србија во вториот квартал од годината ќе и бидат доставени 1,2 милиони дози вакцини против коронавирус и уште 1,19 милиони во третиот квартал или вкупно 2.390.000 дози.

-Тоа е огромен успех за граѓаните на Србија, ние направивме нешто за што повеќето во светот можат само да сонуваат, изјави Лончер.

Тој додаде дека на денешната средба со министерот за здравство на Република Српска, Ален Чераниќ, било договорено да се продолжи со вакцинирањето на медицински работници од Република Српска во Србија.

-Денеска е трет ден како во Шабац, Лозница, Сремска Митровица и делумно во Белград се вакцинираат здравствените работници од РС. Се приближуваме до бројката од 5.000 вакцинирани и се договоривме за понатамошно вакцинирање на медицинските работници од приватни установи и вработените во домовите за стари лица, кажа Лончар.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

„Кракен“ откриен и во Србија

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа