Србија: Полициски синдикат тужи 300 директори на школи затоа што ги терале учениците да носат маски

Од:

Директорите на повеќе од 300 основни и средни училишта во Белград добиле кривични пријави од страна на претседател на полициски синдикат, поради тоа што ги терале учениците и вработените во школите да носат заштитни маски, соопшти денеска Весна Војводиќ Митровиќ од гранковиот синдикат на просветните работници на Србија „Независност“.

Таа наведува дека Јавното обвинителството многу брзо реагирало на пријавите поднесени против сите челници на белградските основни и средни училишта.

Според Војводиќ Митровиќ, ова е „само последниот во низата случаи кои парадигматски го илустрираат неурамнотежениот однос на државниот апарат кон образовниот систем.“

„Нека си ја работат работата – ќе речете вие, мислејќи и на директорите и на Обвинителството и тука лесно ќе се сложиме. Но, предметот на оваа пријава е формиран токму врз темел на апсурд: директорите на повеќе од 300 (триста, добро видовте) основни и средни училишта се тужени затоа што ги условувале учениците и вработените да носат заштитни маски во училиштата,“ пишува синдикалката во текст со наслов „Во јуриш на апсурд“.

„Има ли во овој момент, кога целиот свет, не само Србија, се соочува со најсилниот удар на пандемијата, нешто побесмислено и понепотребно од повикувањето и сослушувањето на преку 300 директори кои не ги ни пропишале заштитните мерки, туку биле обврзани да ги спроведат, заедно со учениците и вработените?,“ прашува Војводиќ Митровиќ во текстот.

Таа не прецизира претседателот на кој полициски синдикат ја поднел кривичната пријава и со какво образложение.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски