Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска е отворена фабрика за склопување на израелски дронови во Србија, која треба да вработува околу 100 работници и да произведува опрема за потребите на Војската на Србија, но и за вооружените сили на други земји.

Вучиќ за отворањето на фабриката информираше преку објава на Инстаграм, наведувајќи дека е горд на, како што рече, успесите на Србија.

„Утрово бев особено горд на Србија и на нејзините успеси. Отворив фабрика за склопување на најсовремени дронови од израелско производство, која ќе вработува околу сто работници и ќе произведува најсовремена опрема, како за Војската на Србија, така и за армиите на некои други земји“, наведе српскиот претседател.

Според неговите зборови, планот е соработката со израелските партнери да се прошири и во други делови од Србија.

„Нашите планови се огромни. Веруваме дека со нашите израелски партнери ќе отвориме уште најмалку три фабрики низ Србија“, напиша Вучиќ.

Тој наведе и дека новинарите не биле поканети на обиколка на фабриката поради доверливоста на процесот на производство.

Соработката на Србија со израелската одбранбена индустрија во производството на дронови претходно беше јавно најавувана. Според претходно објавените информации, проектот вклучува соработка меѓу Србија и израелската компанија Elbit Systems во производството на беспилотни системи.

Најавата на Вучиќ доаѓа во рамки на поширокиот развој на домашните капацитети за производство на беспилотни системи. Министерството за одбрана претходно соопшти дека во Србија се прошируваат капацитетите на воената индустрија и дека се работи на производство на современи дронови.

Би можело да ве интересира

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ