Србија одлучува за решение за Косово

Од:

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ, денес на состанокот со претставниците на владеачката партија, ја започна серијата состаноци со лидерите на партиите и шефовите на паратеничките групи за текот на преговорите помеѓу Белград и Приштина.

На сите состаноци ќе присуствува и претседателката на владата за европска интеграција, Сузана Грубјешиќ.

Во парламентот околу 10 часот започна состанок помеѓу Дачиќ и претседателот на собранието Небојша Стефановиќ, претседателот на собранискиот одбор за Косово и Метохија, Милован Дрецуни, директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Александар Вулин.

На состанок се и претседателот на СНС, Верољуб Арсиќ, заменик на претседателот на СПС, Жарко Обрадовиќ, претседателот на СПС, Бранко Ружиќ, претседателот на Обединетите региони на Србија Млаѓан Динкиќ и шефот на пратеничката група, Нова Србија Мирослав Маркиќевиќ, како и други претставници.

Во текот на денот во Претседателството на Србија ќе биде одржан и состанок на државниот врв на Србија и претставници на Република Српска, но темата за состанокот не е прецизирана.

Белград и Приштина имаат рок до 9-ти април да се изјаснат за решенијата за Косово понудени во Брисел.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски