Србија од 1 јуни ја отвора границата со Бугарија

Од:

Србија в понеделник на 1 јуни ќе ја отвори границата со Бугарија, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Србија се залага за целосна слобода и слободен проток на луѓе, капитал и услуги, апсолутно без никакви ограничувања. Ние тоа го покажавме кон сите соседи, кажа Вучиќ, одговарајќи на прашања од новинарите.

Тој истакна дека Србија ја отворила границата со Унгарија и дека „в понеделник ќе се отвори и со бугарските пријатели.“

– Ние сме подготвени. Мислам дека со БиХ и Северна Македонија тоа веќе функционира. Ние секогаш ќе се залагаме за тоа, затоа што веруваме дека тоа им носи корист на сите граѓани во регионот, а не само затоа што е тоа европско достигнување, порача Вучиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски