Србија може да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19

Од:

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека властите во земјата размислуваат да ја направат вакцинацијата против Ковид-19 задолжителна за граѓаните.

„Околу тоа се согласуваме. Тоа е предлог од струката и ќе работиме така да биде и кај нас,“ рече Лончар, одговарајќи на новинарско прашање околу задолжителната вакцинација.

Министерот рече дека состојбата во српските болници е стабилна и дека има слободни кревети, но и дека се троши големо количество на кислород, поради што земјата, која инаку и произведува и извезува кислород за медицински потреби, морала да увезе одредени количини за да ги задоволи потребите.

„Засега успеваме да ги обезбедиме сите тие работи за нашите пациенти. Се надеваме дека сите граѓани ќе се придржуваат кон мерките и дека поголем дел од нив ќе се вакцинираат, па да можеме полека да размислуваме за некои други работи,“ изјави српскиот министер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски