Србија ја одобри за употреба руската вакцина „Спутник V“

Од:

По вакцината „Фајзер-Бионтек“, и рускиот препарат за имунизација против коронавирусот доби зелено светло за употреба во Србија.

Вакцината „Спутник V“ ги помина сите потребни тестови во Агенцијата за лекови и медицински помагала. Квалитетот на руската вакцина е потврден и таа може да почне да се дава, информираа српските здравствени власти.

Во земјата веќе пристигнаа 2.400 дози од вакцината „Спутник V“, а на почетокот на 2021 година се очекува значително поголема количина. Масовната вакцинација со руската вакцина веројатно ќе почне во втората половина на јануари.

Имунизацијата против коронавирусот со вакцината на компаниите „Фајезер“ и „Бионтек“ почна во Србија на 24 декември.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија