Србија и Косово ќе разменат офицери за врска кои нема да имаат дипломатски статус

Од:

Белград и Приштина наскоро ќе разменат оперативни офицери за врска, кои ќе работат во канцеларии при мисиите на ЕУ, пишува денеска белградскиот весник „Вечерње новости“.

Србија планира да испрати свој офицер во Приштина до 15 февруари. На таа должност ќе биде назначен Дејан Павичевиќ, кој во моментот е раководител на српскиот тим во техничкиот дијалог Белград-Приштина.

Задачата на Павичевиќ ќе биде да ја надгледува примената на договорите постигнати во текот на дијалогот, воден меѓу двете страни во Брисел, а конечните насоки за работа ќе му бидат дадени идната седмица од премиерот Ивица Дачиќ и од српската владина канцеларија за Косово и Метохија.

Во Приштина тврдат дека нивниот офицер за врски Љуљзим Пеци, кој досега беше пратеник на Косово во Шведска, ќе има дипломатски имунитет, но Белград тоа го демантира.

– Офицерите со сигурност нема да имаат дипломатски статус, ниту нивното назначување ќе биде вовед кон отворање амбасади. Настојував за тоа на средбата со Кетрин Ештон и Хашим Тачи и не треба да има други толкувања на договорот, рече Дачиќ за „Вечерње новости“.

Тој истакна дека офицерите за врска ќе имаат задача само да помагаат во комуникацијате меѓу двете страни и да ја набљудуваат примената на договорите.

Според директорот на канцеларијата за Косово и Метохија Крстимир Пантиќ, ЕУ врши притисок офицерите да имаат дипломатски имунитет, додава весникот.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов