Србија денеска добива 100 илјади нови дози од руската вакцина Спутник

Од:

Во Србија вечер ќе пристигнат нови 100 илјади дози од руската вакцина Спутник V потврди утрово министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Србија продолжува интензивно со процесот на имунизација. Според последните податоци на Владата во земјата има 1 433 055 вакцинирани со една и 511 807 лица кои ја примила и втората доза. Во светот Србија е на шестото место според бројот на вакцинирани на еден милион жители зад Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и зад САД.

Според бројот на ревакцинирани Србија е на четвртото место во светот. Подбра бројка на милион жители имаат Израел Сејшели и Обединетите Арапски емирати.

Сепак и покрај одличниот биланс во имунизацијата Србија и натаму има високи бројки новозаразени на дневно ниво. Вчера во земјата беа регистрирани нови 3210 случаи. Токму поради ова во петокот беше донесена одлука за заострување на мерките за заштита, па угостителскиот објекти и трговските центри викендов работат до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски