Во Србија во изминатото деноноќие се потврдени уште 272 случаи на коронавирус, од 8.626 тестирани примероци.
Во истиот период починале четири лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 281.
Моментално 73 пациенти се приклучени на респиратори, а бројот на активни случаи изнесува 1.783.
Во Србија до денеска има вкупно 14.836 потврдени случаи на Ковид-19, тестирани се вкупно 409.866 лица, а стапката на смртност е 1,89.