Спречен обид за убиство на заменикот на Ердоган

Од:

Турските власти соопштија денеска дека е спречен план за убиство на заменикот претседател на Партијата на правдата и развојот (АКП) Мехди Екер.

Нападот е планиран со користење на 650 килограми експлозив поставен во близина на неговата семејна гробница.

Експлозивот, како што информираат властите во југоисточниот град Дијарбакир, е откриен на пет различни места на гробот во округот Бисмил, во близина на местото каде е закопана мајката на Екер.

Екер денеска требало да го посети гробот со цел да оддаде почит на неговите починати роднини, во пресрет на муслиманскиот празник Курбан бајрам. Тој за телевизијата НТВ изјави дека во изминатите 30 години ги посетува гробиштата, како и дека најмалку 100 луѓе требало да му се придружат на денешната посета.

Не е познато која група стои зад обидот.

Би можело да ве интересира

Ердоган го одобри влезот на Шведска во НАТО, предлогот оди во турскиот парламент

Инфлацијата во Турција се искачи на речиси 79 отсто

Светските власти остро реагираат на турскиот напад врз Сирија

Крвави избори во Турција

Доживотен затвор за Ахмет Алтан и уште пет новинари во Турција

Кристијан Ландов

Во Турција приведени 18 лица за вчерашниот напад во Измир

Емир Латифовиќ