Светските власти остро реагираат на турскиот напад врз Сирија

Од:

Откако турскиот претседател одлучи да ја нападне Сирија, не стивнуваат острите реакции на светските лидери.

Европската унија ја повика Турција да го стопира нападот врз Сирија, велејќи дека нема да плати за создадена безбедна зона, пренесува АФП.

АФП наведува дека Германија исто така ја предупредила Турција дека ризикува да ја оживее Исламската држава. Нападот го осуди и Франција.

Секртарката за европски прашања на Франција, Амели де Моншален изјави дека Франција, Велика Британија и Германија побараа состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за одбележување на турската офанзива во северна Сирија.

Моншален рече дека трите држави „силно ја осудуваат“ турската офанзива, но дека сè уште не е договорено специјално соопштение на ЕУ, бидејќи некои земји сè уште не се вклучиле, пренесе Ројтерс.

Американскиот сенатор Линдзи Грам вети дека Конгресот ќе даде се од себе за „да му наплати на Ердоган висока цена“.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја повика Турција да престане со воената операција во северна Сирија и предупреди дека ЕУ нема да плати за да и помогне на Анкара да воспостави безбедносна зона во Сирија.

Обраќајќи се на европратениците, Јункер рече дека ја повика Турција, како и другите актери да се однесуваат воздржано и веднаш да престанат со операциите, пренесува АП.

И покрај тоа што призна дека Турција има безбедносни проблеми на границата со Сирија, Јункер рече дека „ако турскиот план вклучува создавање на таканаречена безбедна зона, не очекувајте Европската унија да плати за кое било од тоа“.

ЕУ плаќа шест милијарди евра на Турција за да се „справи“ со скоро четири милиони сириски бегалци во замена за запирање на истите да се преселат во Европа, соопшти агенцијата, додавајќи дека Анкара бара повеќе пари затоа што е загрижена што илјадници Сиријци наскоро може да ја преминат границата со Турција.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и порача на Турција да не го „дополнителизира дестабилизира регионот“ со својата воена акција во северна Сирија.

Тој рече дека Турција го известила НАТО за операцијата што се одвива во северна Сирија, додавајќи дека „важно е да се избегнат дејствија што можат дополнително да го дестабилизираат регионот, да ги зголемат тензиите и да предизвикаат повеќе човечко страдање“, рече АП.

Столтенберг истакна дека Турција треба да се однесува „воздржано“ и дека секоја акција треба да биде „сразмерна“.

Шефот на НАТО ќе разговара за турската воена акција со турските лидери в петок во Истанбул, соопшти агенцијата.

Републиканецот Кевин МекКри смета дека Турција треба веднаш да престане со своите активности и да продолжи да соработува со САД за зачувување на регионот.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност