Споменикот на Туѓман под полициска заштита

Од:

Неодамна поставениот споменик на Фрањо Туѓман доби 24-часовна заштита од сплитската полиција.

Имено полицијата примила дојава дека споменикот може да го уништат, они кои што беа против неговото поставување во Сплит, пишува „Индекс“.

Споменикот за хрватската независност и првиот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман е откриен во петок, а на поставувањето дојде до инцидент помеѓу оние граѓани кои што беа против тоа.

Полицијата приведе три лица, со образложение дека го нарушувале јавниот ред и мир.

Вчера група граѓани од Сплит се фотографираа со транспарент на кој пишува „Тито 1962“, во знак на противење за поставувањето на споменикот на Туѓман.

-На местото на кое што во петок беше поставен споменик на Туѓман, пред 51 година Тито го одржа еден од своите историски говори, па изборот на локација сметаме дека не е настојување да се ревидира минатото-истакнаа тие.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик