СПЛИТ: Полицијата го уапси убиецот на Мексиканката

Од:

Сплитската полиција упаси бездомник, од импровизирана населба во близина на местото каде што беше убиена Мексиканката Селена Маседо.

Се работи за момче од Сплит, роден 1984. година. Завршил средно училиште, невработен, а повремено се занимавал со сезонска работа на градежни објекти.

После повеќе проверки и форензички испитувања, осомничениот денеска во 11 часот беше однесен во притвор.

Сплитската полиција 4 дена трагаше по Мексиканката и конечно ја пронајде заклана на ридот Маријан, кој жителите овој град го користат за рекреирање. Полицијата ја пронајде Мексиканката заврзана со селотејп, а претходно била и силувана. Телото беше пронајдено пола метар под земја, а од тогаш потрагата по убиецот тргна во погрешна насока откако полицијата трагаше по сосптвеникот на дресот кој беше оставен во близина на убиството.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик