Спиралата води надолу кон нестабилност на Турција: Како дојде до ова?

Од:

Си-Ен-Ен – Њујорк

Турција, која некогаш беше модел за релативен мир во немирниот Блиски исток, е обременета со небезбедност, како што тоа го покажа атентатот со автомобил-бомба врз полициски автобус во Истанбул.

Сомнежите најверојатно паѓаат врз сепаритистичката курдска бунтовничка организација Курдска работничка партија (ПКК) која изврши слични напади во Анкара во јануари и април годинава.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган, како што можеше и да се очекува, го одобри оземањето на имунитетот на околу 50 прокурдски пратеници во парламентот, за да ја олесни криминалната истрага против нив и нивно евентуално протерување од пратеничките столиња.
Тој исто така ќе ја искористи оваа трагедија за да ги убеди турските избирачи дека на курдската и исламистичката воинственот може да им се спротивстави само преку трансформирање на Турција од парламентарен систем во иден извршен претседателски систем.
Тој аргумент изгледа не важи ако се има предвид дека нестабилноста на Турција расте не заради видот на управување, туку од претераната централизација на власта во претседателските раце.
Пред еден месец Ердоган го смени од него лично именуваниот премиер Ахмед Давутоглу заради обидите на вториов да создаде сопствено влијание во владата.
Покрај тоа, идеолошките внатрешни и надворешни политики на Ердоган ја ставија Турција во срцето на фракциската, секташка и етничка борба која го разнебитува регионот.
Неговата кампања за воведување на една единствена религиозна идентичност во одновата на сунитскиот излам и за позадување на хомогена турска националност во етнички поделеното општество е рецептот за ескалација на општествените распукувања и за политичкото насилие.
Во секој случај, курдите остануваат 18 проценти од населението на Турција, а поголемиот дел од нив сака азрешување на проблемот на основа на поголема демократија, човекови права и целосна интеграција во Турција.
На сличен начин Ердоган ја води и тврдолинијашката надворешна политика, која го намали влијанието на Турција на Блискиот исток и во Северна Африка.
Неговото непријателство кон Русија и недовербата кон Иран и Израел и попречија наможноста за Ердоган да маневрира во Сирија и помогнаа за доаѓањето на скоро три милиони мигранти на турска територија, и прелевањето на насилствата од Блискиот исток.
Толку важните односи на Ердоган со САД се закануваат да станат се повеќе деловни, а се помалку стратешки.
Тие односи се отежнати заради одбивањето на САД да сопрат со соработката со поврзаните со ПКК Сили за заштита на народот (СЗН) во борбата против Исламска држава.
Турција нема топли односи ниту со Европа, и покрај преговорите околу сириската мигрантска криза. Ердоган се заканува дека ќе го прекине договорот со ЕУ за миграцијата, ако не добие уште отстапки во однос на безвизните патувања во Шенген зоната – сојузот од 26 европски држави, вклучувајќи ги и Франција, Германија и Шпанија.
Согласно договорот “еден влегува, еден излегува“ сиријците кои преминуваат нелегално во Грција, ќе бидат враќани во Турција. За секој сириец вратен во Турција проверен сириски бегалец зе замине од Турција за Европа, за таму да се насели.
Каков е договорот “еден против еден“?
ВО замена, ЕУ ветува да и даде на Турција милијарди финансиска помош за да и помогне да води грижа за мигрантите во нејзините граници, и да и даде разни политички отстапки. Но Ердоган ризикува да го разбере неправилно очајот на германскиот канцелар Ангела Меркел, и да ги прецени своите карти ако ги подигне барањата на неподносливо ниво.
Тој не треба да се изненади ако еден ден Европа кон него покаже целосна резервираност и недостиг на соработка, кога тој има потреба од помошта и за други прашања.
Спиралата се продлабочува?
Затоа Турција не се наоѓа на позитивна внатрешно и надворешно политичка траекторија. Се забележува се поголема перспектива предизвиците на земјата од политички, економски и надворешен карактер да извршат со текот на времето дополнителен притисок врз веќе стагнираната турска економија, и да ја вовлечат земјата во спирала надолу кон нестабилност.
Ако Ердоган не направи радикално политичко свртување, веројатноста за тоа изгледа исклучително далечна, а Турција ќе биде уште пововлечена во турбулентноста на Блискиот исток.
Фади Хакура е експерт за Турција и соработник во Чатам хаус, Кралскиот институт за меѓународни односи во Лондон. Изразените мислења во овој текст се негови и лични.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски