Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење

Од:

Според Договорот од Преспа, официјалното име е Северна Македонија, а дискусијата за таблите е од мало значење. Впрочем тие означуваат растојание меѓу градовите, коментираше портпаролката на Нова демократија, Мариа Спираки на брифингот со новинарите во однос на промената на таблите во северниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

-Очигледно е дека официјалното име на земјата, како што произлегува од Договорот од Преспа, што, потсетувам повторно, беше ратификуван со гласовите на СИРИЗА и на подготвените пратеници, е Северна Македонија. Оттука, секоја дискусија во однос на таблите е од мало значење. Освен тоа, како што добро знаете, таблите го одредуваат километарското растојание меѓу градовите, рече Спираки.

Портпаролката на Нова демократија и европратеничка, одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на германскиот министер Михаел Рот во однос на Договорот од Преспа, уште еднаш ја повтори позицијата на најголемата грчка опозициска партија дека станува збор за договор штетен за Грција, но и ставот дека доколку биде потребно Нова демократија, како влада, би го искористила правото на вето.

-Нова демократија и господинот Мицотакис веќе јасно ставија на знаење дека имаат секаква можност да го контролираат патот на соседната земја кон ЕУ и имаат секаква можност да го искористат правото на вето, доколку проценат дека има штета за националните интереси, рече Мариа Спираки.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос