Специјални полициски сили го задушуваат штрајкот во Пиреа

Од:

Специјални полициски единици за борба против демонстранти рано изутринава биле испратени во најголемото грчко пристаниште Пиреа, со цел да се стави крај на штрајкот на морнарите кој речиси една недела го спречува превозот со траекти до повеќето острови.

Полицијата треба да ја спроведе наредбата на грчката Влада, која стапи во сила утрово во четири часот. Со неа, врз основа на ретко применуваните прописи за вонредни ситуации, од штрајкувачите се бара да се вратат на работа.

На телевизиските снимки се гледа кордон на специјална полиција распореден во пристаништето меѓу штрајкувачите и бродовите кои примаат патници и стока.

Синдикатот на морнарите протестира поради реформата, со која им е дозволено на сопствениците на траектите да одредуваат број на членови на екипажот во зависност од должината на патувањето.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески