СПЦ со поддршка за Србите во Косово кои се против договорот со Приштина

Од:

СПЦ и патријархот Иринеј објавија дека се „сто отсто со српскиот народ на Косово и Метохија“ кои го отфрлија договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, парафиран минатата недела во Брисел.

Претставници на Србите од северно Косово кои ја посетија Патријаршијата во Белград, добија уверување дека црквата ќе ја поддржи нивната мирна борба.

Делегацијата косовски Срби пристигна во Белград на средба со вицепремиерот Александар Вулин од кого ќе побараат државното раководство на Србија да го отфрли бриселскиот договор. Тие изјавија дека ако не бидат прифатени нивните барања, ќе организираат митинг во Белград.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски