Советот на Европа го демантираше албанскиот шеф на дипломатија: Не е поднесено барање за членство на Косово

Од:

Министерот за надворешни и европски работи на Албанија, Гент Чакај, изрази поддршка за членството на Косово во Советот на Европа, но тој не поднел барање за членство на Приштина, изјави вчера Советот на Европа за српската агенција „Танјуг“.

Прес-службата на Советот на Европа нагласува дека Чакај зборувал вчера на состанокот на Советот на министри, но дека „ниту тој ниту која било друга страна“ не побарала членство на Косово во оваа институција.

Претходно, министерот Чакај на „Фејсбук“ објави дека на вчерашниот виртуелен состанок на 130 министри јасно било поднесено барање за членство на Косово во Советот.

Од Стразбур наведуваат дека засега не сакаат да шпекулираат за можни чекори за Косово кога станува збор за членство во Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски