Советник на турскиот претседател: Никој освен Ердоган да не се занимава со политика во Турција

Од:

Никој освен Ердоган не би требало да се занимава со политика во Турција, наведува Јигит Булут, главен советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Веќе има лидер во оваа држава и тој се занимава со политика. Нема потреба никој друг да се занимава со политика. Тој веќе се зафатил како со внатрешната така и со надворешната политика. Наш долг е да го поддржиме лидерот во нашата држава, изјави Булут во изјава за турската државна телевизија.

Булут, поранешен телевизиски водител и главен уредник во приватната телевизија 24 ТВ, во јули 2013 година беше назначен за главен советник на Ердоган кој тогаш беше премиер.

Во 2013 година тој изјави дека во светот има само „двајца лидери и половина“ мислејќи на Путин и Ердоган, а „половина“ беше наменето за Обама.

За време на протестите во истанбулскиот кварт Гези во летото таа година, Булут предизвика медиумски интерес изјавувајќи дека “странски сили се обидуваат да го убијат Ердоган преку телекинеза“.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски