Сомнежот кон Турција кој е создаван цел еден век

Од:

Њујорк тајмс – Њујорк

Конспиративните теории за плановите на Западот да ја подрие Турција се толку длабоки во психологијата на народот, што единствено јазикот на психологијата е способен за да ги протолкува.

Феноменот е познат како Северски синдром и потекнува од почетокот на договорот од пред сто години, кој и така не беше сполнет, но со кој требаше да се подели Анадолија – азиската територија која е поголемиот дел од современа Турција. Синдромот го носи името на францускиот град каде западните сили на крајот на Првата светска војна потпишаа договор кој доведе до распаѓање на Османлиската империја.

Аналитичарите ги користат тремините „фобија“, „траума“ и „синдром“ за да ја опишат состојбата на духот во земјата, како Турција да е пациент на каучот кај психолог. Тие велат: „По Север, Турција како нација страда од посттрауматско стресно растројство“.

Еден од начините според кои по се изгледа се појавува овој синдром, е во негирањето на Турција на ерменскиот геноцид. Од неодамна турците ги обвинуваат САД и западните сојузници за големите улични протести, за корупциски скандал и за неуспешниот обид за воен преврат ова лето.

Турската влада ги обвинува следбениците на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во самопрогонство во Пенсилванија, дека е организатор на превратот.Но наместо да истражуваат како претседателот Реџеп Таип Ердоган им дозволил на поддржувачите на Ѓулен да се сметсат во војската на земјата, турците се зафатија да ги обвинуваат САД.

-Тие велат вака: Но тоа Американците работеа заедно со Ѓулен за да дојдат до тие позиции, вели Фатма Мјуге Геочек, социолог од Универзитетот во Мичиген, кој е родена во Турција. „Зошто? Затоа што сакаат да ни наштетат“.

– Кога постоајно ги обвинуваш другите за тоа што ти се случува, тогаш никогаш нема да можеш да се излекуваш, додаде таа.

Дитрих Јунг, професор по блискоисточни науки на Универзитетот на Јужна Данска, вели дека дејствијата на европјаните понекогаш го продлабочуваат сомјнежот кон турците.

Тој за пример наведува една неодамнешна дебата во Данска дали кралското семејство во земјата треба да се сретне со Ердоган за време на посетата на Турција, имајќи ги во предвид тензиите односно се поголемиот авторитет на турскиот лидер.

-Тие ја посетија Саудиска Арабија, ја посетија и Кина. Никој не зборуваше за авторитарна политика. Зошто Ердоган?

Практично, како што би рекле многу турци, од претпазливост.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски