Сомнеж за појава на антракс во Бугарија

Од:

Бугарските ветеринарни власти се сомневаат од можна појава на антракс кај животните во село во реонот на североисточниот бугарски град Шумен, јави БТА.

Директорот на Регионалната дирекција на бугарската Амрнција за храна во Шумен, Катја Рајкинска информира дека во селото Загориче е усмртено едно животно за кое постои сомнеж дека било заболено од антракс.

– Примероци од усмртенрото животно се испратени во Националната лабораторија на 13 август, но се уште нема резултати, нагласи Рајкинска.

Таа информира дека сите останати животни во селото се вакцинирани.

Во Загориче случај на антракс беше регистриран и во јуни 2012 година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори