Сомненија за нов случај на БИРС во Турција

Од:

Жена, која се вратила од аџилак во Мека, во Саудиска Арабија, е примена во болница во централниот турски округ Конија, со сомненија дека е заразена со коронавирус на блискоисточниот респираторен синдром (БИРС), пренесоа американските медиуми.

Пациентката, на возраст од 54 години, се вратила од аџилакот пред една недела и веднаш побарала медицинска помош заради висока температура, гадење и повраќање.

Жената е ставена во изолација и под посебни мерки.

Во една болница во Турција на 11 октомври почина 42-годишен маж, кој беше првиот случај на пациент, болен од БИРС. Пациентот работел во Џеда, во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски