Солун: Монаси нападнале судски извршители

Од:

Група монаси утрово со камења и запаливи бомби нападнале судски извршители кои дошле за да ги протераат од манастирот, соопшти цивилната управа на Атос.

За среќа никој не е повреден во инцидентот кој што се случил пред манастирот Еспигмен, но никој не е ни уапсен, а судските извршители се повлекле.

Околу 100 монаси од манастирот стар 1.000 години учествуваа во долгогодишниот спор со духовниот лидер на сите православни христијани, патријархот Вартоломеј Први, поради настојување да се подобрат односите со Ватикан.

Монасите се спротивставиле на наредбата на судот да го напуштат манастирот и да им дозволат на замениците кои што ги именувала црквата да го преземат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески