Софија: Таксист удри во автобуска постојка, едно лице загина и 11 се повредени

Од:

Една жена загина, а 11 лица, меѓукои и шестгодишно дете, се повредени во Софија откако таксист удри во група луѓе на автобуска постојка.

Жената почина изутринава во софиска болница од здобиените повреди, а лекарите не даваат оптимистички прогнози и за шестгодишнот дете. Во несреќата тешко повредено е уште едно лице.

Возачот на таксито е уапсен, соопшти полицијата. Според очевидци на автобуската постојка имало најмалку 20 лица, кога во нив удрило такси возило, со брзина поголема од 140 километри на час.

Се уште не се познати причините за несреќата, но се претпоставува дека е можно да дошло до пукање на гума на возилото и таксистот да бил под дејство на алкохол, јавуваат софиски медиуми.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори