Софија номинирана за седиште на Европската агенција за лекови

Од:

Бугарската Влада вчера соопшти дека главниот град Софија го кандидирала за ново седиште на Европската агенција за лекови (ЕМА).

– Оваа одлука е одраз на посветеноста на Бугарија кон заедничките европски вредности и основачки принципи, како и волјата на земјата конструктивно да продолжи да придонесува во остварување на целите на европските политики, вклучувајќи ја и политиката на јавно здравје, се наведува во писмото на премиерот Бојко Борисов до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, јави БТА.

Во писмото се наведуваат локациските предности на Бугарија за седиште на ЕМА, а тоа се добрите економски и социјални перспективи, стабилниот економски развој, растечкиот пазар на труд и јаките проевропски ставови.

Во објаснувањето на пријавата, исто така, се нагласува брзиот раст на ИТ секторот во Бугарија.

Бугарија, исто така, има јака традиција и знаење во секторите на фармацијата и здравството, како и во медицинското образование. Земјата е посветена на поттикнување на истражувањата и иновациите во овие подрачја, се наведува во писмото на Борисов до Туск и Јункер.

Во моментов седиштето на ЕМА се наоѓа во Лондон, но ќе мора да се пресели по излезот на Велика Британија од Европската Унија.

Европска комисија до 30 септември треба да ги прегледа пријавите,по што во ноември ќе донесе конечна одлука за идното седиште на Европската агенција за лекови.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори