Социолозите открија зошто Хрватска заостанува зад западниот свет

Од:

Хина – Загреб 

Основните пречки за развојот на Хрватска во последните 50 години се невидливите културни норми од прединдустрискиот период, кои и денес многу го одредуваат нашиот начин на однесување, е клучна оценка на теоријата на егалитарниот синдром (TЕС), една од најважните теории на хрватската социологија, која е потврдена 11,5 години по смртта на нејзиниот автор. 

Во штотуку последниот број на научното списание „Политичка Мисао“, претставено е истражување кое е точно и ја потврдува т.н. теорија на егалитарниот систем, чиј автор е академикот Јосип Жупанов (1923-2004).

Егалитарниот синдром е карактеристичен за неразвиените општества во кои, поради ограничените заеднички добра, секое подобрување на позицијата на поединецот се смета за опасно по заедницата.

– TEС ја открива склоноста на општеството за избегнување на ризици, што е неспоиво со духот на капитализмот, но совршено се вклопува во општествата во кои доминира државата, вели еден од авторите на истражувањето, социологот Иван Буриќ, професор на Хрватските студии во Загреб.

Вториот автор е Александар Штулхофер, професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб.

– Егалитарниот синдром ја блокира индивидуалната иницијатива и растот на економските обиди и така негативно влијае и на стопанскиот раст, додава Буриќ.

Што е всушност „теорија на егалитарниот синдром?‟

TЕС е потврден со истражување во кое учествувале 714 студенти од осум хрватски факултети. Истражувањето потврдило пет од седум тврдења на кои се темели теоријата, а забележани се и некои нејзини недостатоци, се истакнува во трудот.

– Темите кои Жупанов ги отварал од крајот на 60-те години и денес се многу актуелни. Општествените настани со кои се бавел Жупанов од 60-те до 80-те години не се промениле многу од тие во неговите трудови од 90-тите, вели Буриќ.

Социологот Дражен Лалиќ, професор на Факултетот за политички науки, вели за Жупанов дека е пример за „расен социолог‟, кој благодарение на исклучителната социолошка имагинација врз основа на мал број на емпириски факти бил во состојба да даде големи придонеси за разбирање на општествата. – Тој се бавел со клучни проблеми. Тој го фаќал бикот за рогови, вели Лалиќ.

TEС е најзначајниот теоретски прилог на домашната социологија и најрезонанта теорија развиена во рамки на хрватската социологија во последните 50 години, тврдат авторите на трудот и додаваат: Стана општо место за хрватската социологија.

Културните норми кои хрватското општество ги наследи од своето минато, уште од аграрните општества, имаат исклучително влијание и сега, иако е многу модернизирано.

„Егалитарниот синдром‟, како што вели Жупанов, ги изедначува луѓето кон дното и со тоа може да се протолкуваат различните видови на неуспехот на општествениот развој.

Неговите најважни карактеристики е сфаќањето дека заедничкото добро е ограничено и дека е загрозено од секое подобрување на положбата на поединецот, дека богатството мора да се распределува за да бидат што помали општествените разлики, како и дека тие распределби мора да имаат гранична вредност над која растот на платите не се дозволува.

– Зарем и донесувањето на последниот државен буџет не покажа дека егалитарниот синдром е клучен начин на функционирање на хрватското општество, вели Лалиќ.

Исто така, „егалитарниот синдром‟ има негативен став кон приватното претприемаштво, кон интелектуализмот и кон професионалното знаење воопшто.

Таа теорија поттикна многу дебати за развојот на општеството, но дури сега е „проверена‟ бидејќи хрватската социологија долго немала „аналитички капацитет‟. Исто така, социолозите неволно се бавеле со неа, бидејќи во претходниот систем звучела еретично.

Меѓу првите го видел крајот на социјализмот

Ова истражување е вршење на „недовршена работа‟ на хрватската социологија и своевиден hommage на еден од нај истакнатите хрватски социолози, потенцираат авторите и се заблагодаруваат на професорката од Факултетот за политички науки Даниела Доленц, која ја критикуваше теоријата и го „освежи‟ јавниот интерес.

Од друга страна, Дражен Лалиќ смета дека нејзините критики се неосновани и дека не ги потврдила своите тези.

– Јас би ги повикал критичарите на Жупанов, да создадат теорија која за 40-50 години ќе биде употреблива како теоријата на Жупанов, вели Лалиќ.

Професорот на Факултетот за политички науки Здравко Петак, истакнува дека Жупанов бил дел од малубројната група на теоретичари која веќе во почетокот на 80-те години заклучиле дека постоечкиот политички систем е невозможно да се поправи, туку треба целосно да се смени.

Жупанов е носител на критичката општествена мисла која јасно рекла дека тогашното општествено уредување треба да се трансформира во де-факто капиталистичко општество кое ќе има типично конкурентно социоекономско начело, вели тој.

– Прво забележал дека во Југославија не постои само пазар на стока, туку и пазар на работна сила и дека проблемот е што тоа не се регулира, вели Петак и заклучува дека сето тоа е причина што Жупанов и денес, речиси 12 години по смртта и понатаму е на чело на листата на цитираноста на сите наставници кои некогаш предавале на Факултетот за политички науки.

Во текот на 90-тите години Жупанов го користи терминот „политички капитализам‟, за да го опише општеството во кое менаџментот на фирмите е поврзан со врвовите на власта, пазарот лажиран, преголема социјална улога на државата, а преголем удел на јавниот сектор во БДП.

– Исто така Жупанов го поставува прашањето што ќе му се случи на општеството ако целосно го препуштиме на пазарот и економијата и одговара дека тоа тогаш ќе се „раствори‟, вели Буриќ и додава дека теоријата на Жупанов дава одговори каде хрватското општество се наоѓа денес во поглед на различните индекси, како индексот на глобалната конкурентност или иновативност, имено дека според нив за жал сме последни во европските земји.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик